
Македонската одбојкарска репрезентација денеска со почеток во 15 часот го игра вториот натпревар на Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Украина. Нашите одбојкари во средата по голема борба загубија со 3:0 во сетови од светскиот вицешампион Бугарија, додека Украина вчера во првиот натпревар ја совлада селекцијата на Израел со 3:1 во сетови.
Според изјавите на селекторот Јошко Миленкоски, денешниот противник е фаворит во натпреварот особено што се работи за репрезентација која е при врвот на европската одбојка.
Покрај натпреварот Македонија – Украина во рамки на групата Б денеска од 18 часот во Софија играат Бугарија и Португалија.

Македонски

