Skip to main content

Поради изведување на градежни работи на пругата Скопје – Велес привремено нема да сообраќаат дел од патничките возови

Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат следниве патнички возови:

На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и  631 (16.55);

На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02);

На релација Скопје – Битола: 641 (07.06) и 645 (20.05);

На релација Битола – Скопје: 640 (03.10) и 644 (18.22);

На релација Битола – Велес: 642 (12.46);

На релација Велес-Битола: 643 (15.25);

На релација Скопје – Велес: 2083 (22.40);

На релација Велес – Скопје: 600 (05.00)

Поврзани вести