
Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна посета во општина Гевгелија. Тој одговараше на новинарски прашања со оглед на тоа дека е завршена пругата од Илинден до Драчево и што ќе придонесе за транспортот и за Коридорот 10.
Ќе значи многу за движењето на коридор 10 и тоа првин од еколошки аспект. Видов коментари дека не влегувале карго возовите во Скопје и тоа е делумно точно и тоа пред 30-40 години кога првпат била изградена оваа обиколница тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето кое што го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата за жал овок Коридор не се користеше. Ние решивме и се зафативме да целосно го реконструираме заедно со ЈП Железници и инфраструктура каде сакам да се заблагодарам за поддршката и работата на директорот Синиша Ивановски и на целокупниот негов тим. И, во рекордно време се заврши карго обиколницата на Скопје со што веќе товарните возови нема веќе да поминуваат низ центарот на градот – истакна Николски.
Вицепремиерот Николоски истсакна дека тоа е од големо значење од еколошки аспект и временски пократок период.
Со тоа Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај. Тоа е добро и за Гевгелија затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ градов и уште еден проект кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне и за Гевгелија, тоа е дека воведовме „ONE STOP SHOP“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција – додаде вицепремиерот Николоски.
Заменик-претседателот на владата Николоски истакна дека се равоти и на заеднички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот.

Македонски



