Skip to main content

Американски, ЕУ и албански знамиња на протестот на студентите од македонските универзитети

Албански, американски и знамето на Европската унија се вееја денеска во центарот на Скопје, каде како што беше најавено од 16:30 часот под мотото „Придружете им се на студентите – сите со еден глас“ пред Камениот мост во Скопје протестираа студенти од универзитетите во Македонија кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик.

Под слоганот „Обединете се со студентите – сите заедно“ ова е втор протест организиран од студентите од албанска националност како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда.

На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки на албански јазик.

Поврзани вести