
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „многу сериозно ја сфаќа“ потенцијалната закана од ирански напад врз главниот град Вашингтон, јави американската телевизија Си-ен-ен.
Се надевам дека тоа нема да се случи, но ги сфаќаме работите многу сериозно – рече американскиот претседател во одговор на новинарско прашање за време на неговата посета на Филипините за самитот на АСЕАН.
Ако нешто се случи, тие ќе платат цена каква што светот никогаш досега не видел – додаде Трамп.
Претходно Си-ен-ен, повикувајќи се на „седум американски официјални претставници“, јави дека американските разузнавачки служби добиле нови информации кои сугерираат оти Иран подготвува напад врз Вашингтон со употреба на „валкана бомба“ или хемиско оружје. Медиумот, сепак, забележува дека заканата не се смета за непосредна.
Во меѓувреме, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли информациите на Си-ен-ен, оценувајќи ги тврдењата како „неосновани“.

Македонски



