
Куќата на Баба Ванга во Петрич сведочи за животот на познатата јасновидка
Заштитен знак на Петрич е јасновидката Баба Ванѓа. Родена е во Струмица на 3 октомври 1911 — починала во Софија, на 11 август 1996. Семејниот дом, кој се наоѓа на само неколку десетина метри од центарот на Петрич, го изградил нејзиниот сопруг Димитар Гуштеров во 1947 година. Ванѓа тука живеела речиси 50 години.
Во 1984 година Ванѓа ја донирала оваа куќа на градот Петрич и сите подароци што ги добила ги оставила во својот тестамент. Ванга живеела во оваа куќа речиси 50 години, неколку години до нејзината смрт. Во последните години од својот живот, болна и стара, таа останала во Рупите и не се вратила тука. Од 1980 година, државата обезбедила возач кој секој ден ја вози до Рупите, работи таму, и се враќа во Петрич. Прво, Ванѓа живее тука и ги прима своите посетители. И таа официјално почна да го прави тоа овде во 1966 година. Потоа, нашата држава ја легализираше нејзината работа и ја назначи на позицијата научен соработник во Бугарската академија на науките во Одделот за собистологија. Таа година, 1966 година, државата ја призна – раскажува Марија Таманова, кустос во куќата на Ванѓа при Историскиот музеј на град Петрич.
Јасновидката немала свои деца, но заедно со мажот и’ одгледале едно девојче, Венета, но таа официјално не е посвоена. Подоцна, таа одгледала уште едно девојче на кое и била кума.

Според официјалните статистики, куќата на Ванѓа годишно ја посетуваат околу 12.000 Бугари и странци и тоа е најдобро место, позади легандарниот лик, да се види нејзиниот живот-собите, мебелот, лични предмети и подароци кои ги добивала од луѓето кои доаѓале кај неа.
Рупите за Ванѓа имале посебно значење, па дури и при престојот таму како да се чувствува некоја мала мистичност околу ова место под падините на ридот Кожух, местото каде бил последниот вулкан во Бугарија, а има и неколку минерални извори со топла вода. Таа верувала дека местото поседува некоја посебна енергија, а го избрала и за свое вечно почивалиште. На нејзина иницијатива таму е подигнат и храмот „Света Петка Бугарска“.
На еден ден пред нејзиниот роденден, кога МИА беше во Рупите, забележливо беше присутвото на голем број туристи и поклоници кои полека ги поставуваа своите кампери и шатори, подготвувајќи се да го одбележат нејзиниот роденден на 3 октомври.
И ден денес луѓето доаѓаат до нејзиниот гроб, некои да се помолат, некои да положат цвеќе, а некои само да го видат местото за кое многу слушале и читале.
МИА

Македонски



