Skip to main content

Утврдена локацијата и испраќачот на дојавите за поставени бомби во училишта во тетовско

Полицијата ја утврдила локацијата од која биле испраќани лажните дојави за поставени бомби во училиште во Тетовскиот Регион во текот на минатиот месец. Едно лице од овој регион е обезбедено и ќе биде изведено пред суд за испраќање на дојавата.

Локацијата била откриена утрово, по претходно обезбедена судска наредба и размена на информации.

Утрово по претходно обезбедена наредба од судија, а претходно и со размена на информации, успеавме да ја утврдиме локацијата од каде се испраќани лажните дојави. Станува збор за лице од тетовско, тоа е обезбедено и ќе биде изведено пред суд – рече во одговор на новинарско прашање директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на денешната прес-конференција во МВР.

Поврзани вести