
Културно-информативниот центар во Битола, во соработка со Кинотеката на Македонија, за сите љубители на филмската уметност, ја најавува филмската недела посветена на македонската кинематографија, која од 19 до 25 ноември, ќе се одржи во „Кино Манаки“ на Широк Сокак во Битола.
Во текот на седумте фестивалски вечери, битолската публика ќе има можност да проследи седум култни остварувања од поновата историја на македонската кинематографија, филмови кои со својата уметничка вредност, оставиле значаен белег во македонската филмска уметност.
На програмата се филмовите:
19.11. – „Прашина“ | 20:00 часот
20.11. – „Среќна нова ’49“ | 22:00 часот
21.11. – „Тајната книга“ | 20:00 часот
22.11. – „Бал-кан-кан“ | 20:00 часот
23.11. – „Тетовирање“ | 20:00 часот
24.11. – „Црно семе“ | 20:00 часот
25.11. – „Пред дождот“ | 20:00 часот
Влезот за сите проекции е бесплатен, информираат од Културно информативниот центар Битола.

Македонски



