Skip to main content

Годините се само бројка: Роналдињо се врати, навистина се врати

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо изјави дека повторно ќе игра за италијанскиот третолигаш Равена, доколку претседателот на клубот го покани.

„Не знам, но ако претседателот ме повика, ќе се вратам. Секогаш е задоволство да се игра фудбал. Му реков дека сум тука секогаш кога ќе му требам. Беше одлично да бидам тука и повторно да ја почувствувам атмосферата во соблекувалната пред натпреварот“, изјави Роналдињо за Скај Италија.

Роналдињо се врати во натпреварувачкиот фудбал вечерва по 11 години, кога го одигра првото полувреме за Равена против Форли во 14-то коло од Серија Ц во групата Б.

Тој учествуваше во акцијата од која десниот бек Џулио Донати постигна гол во 36-тата минута. Конечниот резултат го постави Симоне Раби во 58-мата минута.

Бразилецот рече дека натпреварот поминал премногу брзо за него.

Поврзани вести