Skip to main content

Христовски: Ризикот од терористички активности во Македонија останува низок

Ризикот од терористички активности во земјава останува низок, каков што е и подолг временски период наназад и покрај глобалните трендови на зголемување.

Ова денеска го изјави директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски прашан за состојбата во Македонија, а по повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

-Секогаш останува ризикот од индивидуални чинови на насилство, кои ние заедно со МВР и БЈБ во рамки на нашите надлежности и овластувања ги следиме во насока на тоа дека превенираме било какви активности кои може да доведат до нарушување на јавниот ред и мир и националната безбедност.

Инаку, САД издаде предупредување со кое ги повикува на внимателност нивните државјани / туристи во Бугарија.

-Големите собири и јавните настани можат да претставуваат можност за терористички групи и криминалци. Терористите – вклучувајќи ги и самостојните актери – можат да нападнат со мало или без никакво предупредување, таргетирајќи туристички локации како што се пазари, транспортни центри, трговски центри“, се наведува во предуредувањето од американската амбасада во Бугарија.

Поврзани вести