
Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка.
Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од општината.
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски го назначил советникот Неделчо Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ за заменик-градоначалник, кој во иднина во отсуство на градоначалникот законски може да ги извршува сите негови должности.
Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период.

Македонски



