Skip to main content

Воздушниот сообраќај во Емиратите е нормализиран, укинати се мерките на претпазливост

Facebook / Emirates

Генералната управа за цивилно воздухопловство на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека воздушниот сообраќај над земјата повторно е нормален и оти мерките на претпазливост се укинати.

Одлуката е донесена по сеопфатна процена на условите и во координација со надлежните органи, а следењето во реално време останува во сила заради безбедност, соопшти Генералната управа.

Управата им изрази благодарност на патниците и на авиокомпаниите за соработката за време на периодот на претпазливост и наведе дека нејзините технички и оперативни тимови се подготвени да реагираат на секој нов развој на настаните.

На јавноста ѝ се препорачува да продолжи да се информира од официјални извори“, се вели во соопштението на Генералната управа за цивилно воздухопловство.

Од почетокот на војната на САД и Израел против Иран, Емиратите често беа цел на ирански дронови и проектили, како одговор на сојузништвото на земјата со САД.бази од кои кои можат да бидат употребени во војната.

Поврзани вести