Skip to main content

Втора средба од „Женски круг“ денеска во Култ Културен центар во Охрид

На втората средба од Женски круг ќе зборуваме за солидарноста — што подразбира и како се гради како жива пракса, велат организаторите.

Ќе си дадеме простор да се „жалиме“ за тоа што ни е тешко и да „пребаруваме“ — да зборуваме за тоа што ни е потребно.

Заедно ќе размислиме и што можеме, а што не можеме да си пружиме една на друга.

Најважно, ќе отвориме просторот заедничко осмислување на заемна поддршка — како нешто што се гради, одржува и нè држи таму каде што системот нѐ потфрла.

🗓️19 април, недела, во 19 часот

📍Култ Културен Центар, Охрид

Поврзани вести