Skip to main content

САД планираат операција за да ја преземат контролата врз целите нафтени резерви на Иран

Freepik

Американската администрација има намера да изврши воена операција со која ќе добие целосна контрола врз нафтените резерви на Иран.

Ова го изјави на Фокс њуз директорот на Националниот совет за енергија на САД, Џарод Ајген, кога новинарите го замолија да го процени влијанието на конфликтот на Блискиот Исток врз цените на нафтата.

На крајот на краиштата, нема да мора да се грижиме за овие проблеми во Ормускиот Теснец, бидејќи ќе ја земеме целата нафта од „терористите““, изјави Ајген.

Претходно, катарскиот министер за енергија изјави дека цената на нафтата може да се искачи на 150 долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток. Според него, зголемувањето на цената ќе се случи во рок од две до три недели ако танкерите не можат да поминат низ Ормускиот Теснец.

Оваа недела, Иран објави де факто затворање на Ормускиот Теснец, кој е еден од клучните светски нафтени правци.

Поврзани вести