Skip to main content

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор Акташ: Акцент на унапредување на билатералната соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Македонија, Алпер Акташ, на која, како што објави, разговарале за унапредување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството.

Како што информираше Мицкоски, на средбата било разговарано за продлабочување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Македонија и Турција имаат долготрајно пријателство, кое продолжуваме да го развиваме преку меѓусебна почит, доверба и соработка, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани вести