Skip to main content

Хита: Меѓу приведените на протестите во Албанија само мал број се студенти

Freepik

Само мал број од приведените за време на протестите во Албанија се студенти, изјави генералниот директор на албанската полиција, Скендер Хита.

Според него, меѓу приведените првата вечер немало студенти, додека втората вечер мал број од нив се идентификувале како студенти. Хита тврдеше дека маскираните млади кои напаѓале полицајци и оштетувале јавен и приватен имот биле ангажирани од организаторите на протестите.

Тој соопшти дека досега биле повредени 71 полицаец, од кои дел посериозно. Хита ја бранеше полициската интервенција и употребата на солзавец, оценувајќи дека биле пропорционални и законски, поради камењата фрлани кон полицајците.

Протестите во Тирана започнаа на 13 октомври. Студентите бараат подобри услови на факултетите, пониски трошоци за високото образование и поголема финансиска поддршка, како и подобри можности за вработување по дипломирањето. Демонстрациите прераснаа во судири со полицијата, а дел од учесниците бараат оставка од премиерот Еди Рама.

Поврзани вести