
Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница расправал за актуелните политички и економски состојби, кадровските решенија и плановите за организациско и програмско јакнење на Унијата.
На седницата едногласно била усвоена Декларацијата за унапредување на активното учество на жените и јакнење на демократската култура во партијата и општеството. Документот бил промовиран на 14 септември, на настан по повод Меѓународниот ден на демократијата.
По спроведените интервјуа, Извршниот комитет ги избрал претседателките на општинските комитети на Унијата:
- Рената Томеска – Македонски Брод
- Вера Велинова – Аеродром
- Ленче Николовска – Кисела Вода
- Виолета Блажевска – Сопиште
- Диана Ристовска Додевски – Центар
- Катерина Јакимовска – Карпош
- Габриела Тодорчева – Сарај
- Доце Павлова – Чаир
- Каролина Насковска – Бутел
- Маја Мисердовска – Чучер Сандево
- Бранкица Дуковски – Ѓорче Петров
- Марија Живачки – Куманово
- Сузана Димковиќ – Старо Нагоричани
- Марија Сотиров Пулковска – Пехчево
- Андријана Илиевска Велковски – Делчево
- Антигона Постоловска – Македонска Каменица
- Елена Павлова – Виница
- Снежана Хаџи Паунова – Кочани
- Јадранка Симионова – Зрновце
- Весна Митевска – Петровец
- Светлана Слезенковска – Илинден
- Тамара Јованова – Чешиново-Облешево
- Добрила Черќезова – Штип
- Елизабета Стојанова – Карбинци
- Фросина Ѓорѓиева – Свети Николе
- Александра Наунова – Пробиштип
- Емилија Јакимовска Ристовска – Крива Паланка
- Биљана Николовска – Ранковце
- Снежана Бошевска – Велес
- Маријана Трајковска – Чашка
- Јулија Тарабунова – Радовиш
- Ивана Дујовска Атанасов – Конче
- Пале Галева – Струмица
- Анита Божинова – Босилово
- Елена Шопчева – Богданци
- Лилјана Арсова Митрова – Неготино
- Марија Катарова – Демир Капија
- Ѓурѓица Алексова – Кавадарци
- Трајанка Ризова – Росоман
- Андријана Челибитова – Прилеп
- Светлана Аџиоска – Кривогаштани
- Маргарита Груевска – Могила
- Наташа Марковска – Битола
- Менче Андрева Маркоска – Долнени
- Маја Павловска – Ресен
- Катерина Стојаноска – Охрид
- Билјана Стефаноска – Дебарца
- Радмила Мојсова Кикоска – Струга
- Александра Велкоска – Вевчани
- Елена Макаријоска Милеска – Демир Хисар
- Цветанка Попоска – Маврово-Ростуше
- Санида Муслиоска – Дебар
- Ружица Димитриеска – Гостивар
- Александра Спироска – Тетово
- Маја Зафироска – Брвеница
- Валентина Марчевска – Јегуновце
- Емина Демеска – Студеничани
- Џансу Рахман – Центар Жупа
- Жаклина Богдановска – Шуто Оризари
Од Унијата информираат дека за првпат се формираат општински организации на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари. Во следниот период, како што најавуваат, ќе продолжат со активности за мобилизација и избор на кадри во преостанатите општински комитети.
„За една повеќе!“, порачуваат од Унијата.

Македонски


