
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека со украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал за важноста од постигнување енергетски прекин на огнот со Русија, како и за продолжување на испораките на американско оружје за Киев.
-Разговаравме за важноста од постигнување енергетски прекин на огнот, како и за континуираната поддршка за Украина од сојузниците на НАТО, напиша Руте во онлајн објава по средбата со Зеленски во Брисел.

Македонски


