
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.
Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори. Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во членката на ЕУ и НАТО, објави Ројтерс.
Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.
Ќе издадам декрет за распишување избори за 19 април“, објави Јотова на денешната прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.
Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со долгорочна политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

Македонски



