
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека екипите се на терен и се реагира навремено и координирано во однос на паднатите дрвја по вчерашниот силен ветер. Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните. Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој, информира Ѓорѓиевски.
Градоначалникот додава дека приоритет е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот.
Тој апелира до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.

Македонски



