Skip to main content

Самуиловата тврдина обоена во боите на ретките болести

Самуиловата тврдина во Охрид блесна во боите на ретките болести, како дел од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2025“, соопштија од Здружението „Ретко е да си редок“.

Како и секоја година,така оваа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Hа први февруари започнавме со националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2025″ но и илуминација во боите на ретките болести на Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид, соопштија од Здружението за ретки болести.

Оваа година илуминацијата на културно историските споменици е спроведена со помош и поддршка на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и НУ Завод и музеј од Охрид

Самуиловата тврдина изминатите три години беше прв осветлен објект во светот за што добивме пофалби од меѓународната заедница за ретки болести. Осветлените објекти низ цел Охрид во месец февруари ке бидат во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести, додаваат од Здружението.