Skip to main content

Најдебелиот пациент во Центарот за слабеење имал 288 килограми, 40 пациенти со прекумерна тежина ќе може да се оперираат на Клиниката за дигестивна хирургија

288 килограми е најдебелиот пациент кој бил третиран во Центарот за справување и третман на обезност на Универизтатската клиника за ендокринологија во Скопје, кажа денеска д-р Ирфан Ахмети, специјалист интернист, субспецијалист ендокринолог на прес-конфренциијата по повод одбележувањето на Светскиот ден на дебелината.

Д-р Ахмти кажа дека во анамнезата, кога бил прашан кажал: ‘Јас случајно паднав, се повредив, се загрижив и затоа дојдов за дебелината. Секогаш мора да има мотивација кај пациентот да го посети Центарот за менаџирање на обезност. Таму работи тим, се почнува со пријателско интервјуирање со пациентот за да сфати дека ние сме посветени за да постигнеме успех, да го третираме и да ја намалиме тежината. Многу е важно да се направи права селекција и вистинските пациенти да дојдат, апсолутно тие што се со многу голема тежина, доколку нема хируршка контраиндикација. Се уште ние како здравствени работници тешко се рашаваме да ја пишеме шифрата со која се дава дијагноза обезност. А, тоа ни е многу важно, да се регистира во ‘мој термин’ затоа што се што треба да анализираме во иднина, асоцираноста на обезноста со коморбидитети, со компликации, со исходите, бидејќи на тој начин ќе имаме појасна слика каде била примарната причината обезноста, вели д-р Ахмети.

Д-р Ахемти, кој е член на научното здружение за обезност кое постои две години вели дека треба да се сфати оти обезноста е хронична болест, која има многу компиликации и ако не се превенира доведува до смртност, инвалидитет.

Обезноста не е индивидуална болест, и сите заеднички, и ние лекарите, Фондот за здравство, Институтот за јавно здравје, треба да се справиме со оваа хронична болест. Таа е превентибилна, бидејќи со превенирањето спречуваме други хронични незаразни болести кои се серозни, како дијабетес тип 2. Околу 215 милиони луѓе во светот имаат дијабет поради обезност, потоа срцеви заболувања, хиперензија – преку 200 милиони луѓе имаат висок притисок поради дебелината, околу пет милиони луѓе умираат поради обезност, 100 илјади годишно умираат поради канцер а причина е обезноста, додава д-р Ахмети.

Посебна е загриженоста за обезноста кај децата.

Се прават големи напори да се отвори центар за менаџирање на обезноста на детската клиника која ни е многу битна. Според статистиките на ИЈЗ, 14-15 отсто од децата се обезни, а кај воразните тој процент е 20. Преку 50 отсто се натхранети и обезни. Обезноста, за жал, расте кај земјите во развој, односно со среден раст, како што е нашата земја. Целта е навремено да се влијае во сите системи. пристапот не е индивидуален. Првенствено потребна е едукација од страна на училиштата за здрав начин на исхрана, физичка активност. Вклучувањето на сите сгементи од здравство е многу важно, вели д-р Ахмети.

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека бројките се сериозни, над 30-35 отсто се со обезност, тие што се со индекс на телесна тежина над 30, а во светот над милијарда, а за 10 години според проекците би требало да порасне за 50 отсто, 1,5 милијарди луѓе, и тоа не само во развиени држави, туку и во држави кои се во развој.

Покрај двата центра за обезност, од Клиниката добивам информација дека наскоро ќе имаме и во Прилеп, слична амбуланта за давање третман и препораки на луѓе кои се во таа категорија. Се надевам дека ќе се отворат и во другите клинички болници низ земјава. Ние како Министерство заедно со Фондот, ќе има третман за пациенти кои се со дијабет и со обезност, кои се третираат со специфична терапија, оваа година таа бројка ќе порасне за 200 пациенти повеќе. За првпат во државата, окоу 40 пациенти преку Фондот и Министерството ќе можат да се оперираат ако се обезни и имаат индикација за операција тоа комплетно че го покрива здравствениот систем, изјави Таравари.

Д-р Хасан Танер, директорот на Клиниката за ендокринологија кажа дека има прилика овие пациенти кај кои не е доволна фармаколошката терапија, да бидат оперирани во Македонија да не одат во странство

Директорот на Клиника за дигестивна хирургија д-р Огнен Костовски вели дека во денешно време се повеќе хирурхијата станува една крајна инстанца и ексклузивитет.

Имаме 30 пациенти кои би биле за хируршко лекување и 10 за капсула експандирачка. На крајот на месецов или следниот веќе би можел да најавам дека би почнале првите интеревенции. Пациентте ќе бидат регрутирани преку центрите за дебелина, тоа се оние пациенти кои се рефрактерни на конзервативниот третман. Ние веќе го имаме формирано мултицисциплинарниот тим во собаротка со Клиниката за ендоркинологија и Клиниката за гастроентерохепатологија. За истите е обезбедена психолошка поддршка. По однос на нутриционистите, ќе бидат одговорни Клиниката за гастроентерехепатологија за почеток. Хируршкиот тим е комплетно подготвен, двајца наши хирурзи беа во Малта на обука, имаме соработка со Центарот за мининална инвазивна хирургија во Ниш. Првите интервенции ќе бидат, вака пласично кажано, со странска рака. Не дека ние го немаме искуствто, вакви интеревнции се правени претходно , со тоа што сега ќе биде стандардизирање на процедурите. На овој начин ќе го третираме заболувањето како во светски рамки и благодарен сум што овие хируршки процедруи се сфатија како заболување, а не како како естетика, изјави д-р Костоовски.