Skip to main content

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

Граѓаните се жалат на барање мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, немање соодветен треман, неисполнување на должностите, одбивање на услуга, доцнење во давање здравствена услуга, изјави денеска на прес-конфренција во Владата министерот за здравство Азир Алиу по повод една година Влада.

Алиу не кажа во кои здравствени иституции се барало мито и рече дека е формирана група која ќе работи само на овие информации.

Минатиот петок, на 4 јули се одржа првиот отворен кабинет со министерот за здравство на кој граѓаните може онлјан да закажат средба со Алиу на која било тема. Граѓаните електорнски може да се пријават за состанок со министерот за здравство, а средбите се одржуваат секој петок и траат по 15 минути.

Како што кажа Алиу, вкупно 39 граѓани поставиле прашање, а од нив 27 биле на македонски јазик и 12 на албански.

Најчесто спомнати здравствени институции се неколку, тип на злоупотреба на жалби се непрофесионално однесување, игнорирање на пациент, немање соодветен третман, неиспоилнување на должностите, одбивање на услуга, доцнење во давање здравствена услуга и мито. Ова се неколку теми. За да бидеме сигурни дека овие податоци се точни, кај нас е креирана канцеларија која се занимава само со овој дел од инфорамциите. Нормално, тие институции кои се спомнати ќе имаме состанок со надлежните, и ќе дојдеме до одговор или одбивање на тоа што го имаме како информација, изјави Алиу.

На новинарско прашање кој ќе ги лови митаџиите во македонското здравство Алиу кажа:

Министерството за здравство креира политика за здравство и треба да ги следи сите политики во здравството и тука завршува нашата одговорност кон процсот наречен здравствен систем. Понатму, истите ако се докажуваат и ако има елементи за понатамошно процесирање, има институции кои ние ќе ги пријавиме. Во оваа фаза е многу рано да се имеуваат клиники или сервиси, ние не сме сигурни дека тие податоци се точни. Ќе не оставите недела-две да соопштиме, изјави Алиу.

Министерот за здравство Алиу кажа дека на средбите во петокот дошле граѓани од повеќе градови во државата и некои од нив имале фантастични идеи.

Потоа во саботата имавме работен состанок со тимот, некои од тие идеи ги претвораме во акциски планови. Во втората група имаше граѓани кои се незадоволни од здравствените услуги кои ги добиваат како пациенти и третиот дел беа граѓани кои дојдоа да се информираат која е визијата на министерството и како нивните деца да се снајдат во системот. Некои од нив имаат деца кои се трета или четврта година на Факултет па сакаат да знаат, слушнале за вработувањата 300 плус 300, па сакаат да знаат како во иднина тоа ќе се реализира, изјави Алиу.

Поврзани вести