Skip to main content

ДСЗИ почнува вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот на Клиниката за детски болести во Скопје.

Ќе се провери лекувањето кај матичниот лекар, потоа Клиничката болница Штип и Клиниката за детски болести во Скопје.

Од штипската Клиничка болница кажаа дека детето било донесено на Одделот за детски болести на 14 јануари во 18 часот во „тешка општа состојба со засегната свест“. Веднаш биле реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба, со медицинска придружба во 19 часот, истиот ден, детето е транспортирано до УК ДБ – Скопје.

Од Клиниката за детски болести во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба.

Поврзани вести