Skip to main content

Д-р Сеферовиќ: Притисокот никако не се мери наутро, еве кога е најдобро

Доколку во семејната историја иамте прерана смрт поради кардиоваскуларни проблеми, мора да сте повнимателни и да направите некои прегледи со време, бидејќи генетиката е од големо значење за срцевите заболувања, вели проф. д-р Петар Сеферовиќ, познат српски кардиолог, кој за оваа тема зборуваше во интервју за РТС Ординација.

Тој потенцираше дека високиот крвен притисок бара посебно внимание.

Денес високиот притисок може да се лекува, доколку се открие навреме. Не додавајте премногу сол во вашата храна, одржувајте го крвниот притисок во рамките на 140/90. И не го мерете притисокот опсесивно секој ден, двапати неделно е доволно и најдобро. И, дефинитивно не се мери наутро, зошто тогаш е највисок. Најдобро е да го измерите некаде после пладне или околу шест часот попладне, советува кардиологот.