
Во рамки на денешната маратонска трка на Виз Ер Скопски маратон беше одржано и државното првенство во маратон. Во овој случај најдобрите македонски натпреварувачи на маратонските трки се закитија и со титулите државен првак.
Кај мажите очекувано првото место му припадна на Дарио Ивановски, кој постигна време 2:13.48 часа, пред Жан Тосев со време 2:28.32 часа, додека третото место му припадна на Александар Арсов со време 2:29.17 часа.
Кај жените Адријана Поп Арсова беше најуспешна со време 2:49.37 часа.

Македонски


