Skip to main content

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците кои ги пустошат македонските шуми, апелира Кире Михаилов

Фрипик

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој апел го упатува заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми. Забележува дека зад секоја сеча на дрвата без дозвола, стои организирана група, која честопати знае да ги нападне и вработените во ЈП „Национални шуми“ и припадниците на шумската полиција, каков што летово имаше пример во Штипскиот Регион.

Сите оние кои ќе се дрзнат во иднина да кренат рака на овластено службено лице, треба однапред да бидат подготвени дека следи сериозна затворска казна, бидејќи станува збор за напад на службено лице, вели Михаилов.

Михаилов посочува дека за жал има и примери кога вработени од ова претпријатие се дел од тие криминални групи.

Да, се уште има наши вработени, за кои за жал утврдивме одредени конекции со криминалните структури и онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон. Веднаш се отпочнува постапка по однос на она кое што го имаме како докази и имаме суспензии, кривични пријави и дисциплински постапки, рече Михаилов.

Инаку шумите освен од дрвокрадците, секоја година страдаат и од пироманите.

Поврзани вести