
Водостојот на Охридското Езеро веќе подолг период во континуитет се намалува, но сепак останува е над повеќегодишниот просек за овој период на годината.
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) од 2 октомври, нивото на водата е на кота од 693,36 м.н.в, што е за само 5 сантиметри над просечното за октомври (693,31 м.н.в) и 26 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Најзначителен пад на водостојот имаше меѓу 11 и 13 август и тоа за цели 10 сантиметри, а оттогаш намалувањето е конинуирано.

Македонски


