Skip to main content

Пилешко со мед и лимон, со зеленчук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3 лажици несолен путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажица мелен ѓумбир
  • 2 лажици мед
  • Рендана кора од лимон
  • 200 г пилешки гради
  • 1 лажичка ким
  • 1/2 лажичка црвена пипер
  • 1 китка аспарагус
  • Сол и бибер
  • 2 пченки, преполовени
  • 2 лажици свежо сечкан коријандер
  • 1/4 шолја ситно исечкан млад кромид

ПОДГОТОВКА:

Во мала чинија измешајте растопен путер, маслиново масло, лук, ѓумбир, мед и рендана кора од лимон. Исечете фолија на четири дела и во средината на секое парче ставете пилешки гради. Зачинете со ким и црвена пиперка. Аспарагусот поделете го на еднакви делови и додадете го во секој пакет. Премачкајте го и зеленчукот и пилешкото со подготвениот сос од мед и ѓумбир, посолете и побиберете по желба. Затворете ја фолијата и внимателно притиснете за да се запечати.

По желба, може да го подготвите во тава или на скара. Температурата треба да биде средна, а секој пакет да се пече од 10 до 15 минути. На половина од готвењето, додадете ја пченката и свртете ја додека не добие убава златна боја од сите страни. Кога ќе се испече, извадете го од фолијата, украсете со млад кромид и уживајте!

Поврзани вести