Skip to main content

Рецепт за жербо коцки

Принтскрин од видео

Овој стар класик освојува со богат вкус на јаткасти плодови, мирис на рум, слоеви меко тесто и фин џем од кајсии, додека чоколадната глазура дава совршен финиш.

Состојки:

За тестото:
350 грама брашно
250 г маргарин или путер
1 јајце
½ коцка свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
50 мл млеко
50 г шеќер

За филот:
250 г мелени ореви
200 г шеќер
1–2 лажици рум
4–5 лажици топло млеко
4 лажици џем од кајсии (по желба или повеќе)

За глазурата:
150 г чоколадо
5 лажици масло

Подготовка

Измешајте брашно, маргарин или путер и шеќер во сад. Додадете го јајцето и квасецот што претходно сте ги измешале во топло млеко со една лажичка шеќер и малку брашно. Добро месете сè додека не добиете мазно тесто, а потоа поделете го на три еднакви дела. Покријте и оставете да отстои околу 30 минути.

За тоа време, подгответе го филот. Измешајте мелени ореви, шеќер и рум, потоа додадете 4-5 лажици топло млеко. Добро измешајте. Филот треба да биде густ, не премногу течен.
Расукајте го првиот дел од тестото во правоаголник со димензии приближно 20 x 35 см и ставете го во намастен и набрашнет плех.
Намачкајте ја првата кора со џем од кајсии, потоа рамномерно распоредете ја половина од подготвениот фил од ореви.
Одозгора ставете ја втората растегната кора, повторете го процесот со џемот и преостанатиот фил, а потоа покријте ја со третата кора.
Горната кора прободете ја со вилушка на неколку места и оставете го колачот да отстои околу еден час за да може тестото да нарасне.

Загрејте ја рерната на 170 °C и печете го колачот приближно 45 минути, додека убаво не порумени.
Кога ќе го извадите колачот од рерна, покријте го со мал плех за печење и лесно притиснете го за да се израмни горната кора.

За глазурата, растопете го чоколадото со масло на пареа, добро измешајте и прелијте го рамномерно врз изладениот колач. Оставете ја глазурата да се стврдне, а потоа исечете го колачот на убави парчиња.

Поврзани вести