Skip to main content

Шпагети со пилешко во бел сос и спанаќ

Magnific

Кремасти шпагети со сочно пилешко месо, свеж спанаќ и нежен бел сос. Едноставен, вкусен и хранлив ручек кој се подготвува брзо, а освојува со прекрасната комбинација на вкусови.

Потребни состојки:

  • 2 парчиња пилешко филе
  • 250 г шпагети
  • 2 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 200 г свеж спанаќ
  • 1 црвена пиперка
  • 1 шолја млеко
  • Сол и бибер
  • Прстофат мускатно оревче


Подготовка: Шпагетите сварете ги во зовриена посолена вода според упатството на пакувањето. Зачувајте малку од водата во која се вареле. Во длабока тава загрејте го маслото, додајте ги ситно сечканите кромид, лук и црвената пиперка исечена на коцки. Пржете додека зеленчукот да омекне. Пилешкото филе исечете го на средни парчиња, додајте го во тавата и пржете додека да порумени и да биде целосно зготвено. Додајте го сечканиот спанаќ и динстајте додека да омекне. Зачинете со сол, бибер и мускатно оревче, па додадете го млекото. Гответе на умерена температура 5–7 минути, додека сосот малку да се згусне. На крај додајте ги сварените шпагети и убаво измешајте за да се соединат со сосот. Доколку е потребно, додајте малку од зачуваната вода од шпагетите за да добиете убав, кремаст сос. Послужете ги топли.

Поврзани вести