
Нема ништо подобро од домашно подготвен ајвар, а секоја куќа си има свој рецепт за уште поубава македонска зимница.
Па, така, некои мајстори тврдат дека ајварот ќе има побогата арома ако му додадете половина лажичка димена црвена пипер. Според нив, ајварот нема да го изгуби својот препознатлив вкус, туку зачинот само ќе му го интензивира.
Пиперот се додава кога пиперките се испечени, излупени и сомлени, а пржењето на ајварот при крај. Најбитно е дозирањето – на околу два килограми печени пиперки, се препорачува приближно половина лажичка.
Ако пиперките се печат на отворен оган и веќе имаат силна чадена арома, додадете помалку димена црвена пипер.
Важно е да не се претерува, бидејќи целта не е да се даде вкус на ајварот што потсетува на скара, пишува Zadovoljna hr.
Кон крајот на готвењето може да се додадат и неколку капки оцет.
Кој е вашиот трик за повкусен ајвар?

Македонски


