Skip to main content

Рекордни 7,4 милиони годинава го посетија Октоберфест

Фрипик

Годинашниот Октоберфест во Минхен привлече рекордни 7,4 милиони посетители, соопштија градските власти, надминувајќи го претходниот рекорд од 7,2 милиони поставен во 2023 година, јавува ДПА.

Бројот на посетители порасна, а со тоа и продажбата на пиво: според градските власти, испиени се вкупно 6,7 милиони литри пиво, што е за 2,7 отсто повеќе отколку во 2025 година, кога посетителите испиле 6,5 милиони литри.

Продавачите на храна пријавија зголемување на продажбата од два до три отсто, наведувајќи дека тоа делумно се должи на продажбата на печено пилешко.

Од вкупно 7,4 милиони посетители, 447.000 го посетија и „Оиде Визн“ (Oide Wiesn) – дел од фестивалот што го доловува изгледот и атмосферата на Октоберфест од пред еден век, јави ДПА.

Поврзани вести