
Град Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30 јуни терестричната дезинсекција.
Како што информираат од Град Скопје, терестричната дезинсекција ќе се реализира до 3 јули, во периодот од 22 до 03 часот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.