Skip to main content

Сончево со мала до умерена облачност

Jill Wellington from Pixabay

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 16 до 22 степени

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 22 степени.

Од понеделник во вечерните часови до среда времето повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во вторник ќе биде наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Поврзани вести