Skip to main content
Поради голем пожар

Речиси 50 илјади скопјани се без струја

Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром“ и „Скопје 4 – Исток“.

Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија.

РЦУК Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Моментално во гаснењето учествуваат 7 ПП возила и најмалку 20-тина пожарникари. Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија, информираат од РЦУК Скопје

Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат – информираат од Електродистрибуција.

Поврзани вести