Skip to main content

Потпросечните температури за октомври продолжуваат – снег на планините

Новата седмица и понатаму ќе ни носи температури кои ќе бидат потпросечни за овој период од годината и тоа не само кај нас во нашата Македонија, туку и во останатиот дел од регионот како и во цела југоисточна Европа.

Исто така ќе имаме и почести и повремено пообилни врнежи, особено во првите денови од новата седмица а на планините над 1400/1500 метри надморска височина ќе има врнежи од снег а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Сето ова значи дека чадорот и потоплата облека да бидат покрај нас и во новата седмица која што ни следува.

Поврзани вести