Skip to main content

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот на ССМ

Денеска со почеток во 11 часот во централното градско подрачје ќе има посебен сообраќаен режим поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Протестот ќе се одржи пред зградата на Владата на булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека доколку има потреба, за време на протестот сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници на терен.