Skip to main content

По дождот ни доаѓа сонце за викендот

 Времето утре ќе ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер

Поврзани вести