
Од крајот на денешниот ден, земјава потпаѓа под влијание на серија влажни воздушни бранови кои ќе донесат значителна промена на времето, токму во деновите пред католичкиот Божик.
Според најавите на метеоролозите, нестабилното време ќе се задржи во текот на наредните два дена (24.12 и 25.12.2025).
Дожд до 25 литри и снежна покривка
Врнежите нема да бидат занемарливи. Наместа се очекуваат пообилни количини на воден талог, кои ќе надминат 25 литри на метар квадратен за 24 часа.
На планините: Врнежите ќе бидат од снег. Љубителите на зимските спортови може да очекуваат формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри.
Повисоки места: Поради спуштање на постуден воздух од север, дождот ќе преминува во снег и на некои од повисоките населени места, што може да ги отежне условите за возење.
Прогноза за Скопје
И главниот град нема да биде поштеден. Во Скопје врнежите започнуваат кон крајот на денешниот ден. Во среда и четврток ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат со посилен интензитет.

Македонски






