
Ноќеска, во 3 часот по полноќ, почнa зимското сметање на времето.
Часовникот се врати еден час наназад, односно ќе биде 2, а денот ќе трае еден час подолго од останатите во годината.
Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано се стемнува попладне.
Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд на март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред.
Летното сметање на времето првпат е воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што е можно подолго додека е ден, а и за да се заштеди на струја.
По Германија, уште 70 држави ја прифатиле промената на времето, па оваа пракса трае и денес.

Македонски








