![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/cheshma-bez-voda-1024x696.jpg)
Без вода денеска од 11 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улица „Финска“ во Општина Гази Баба.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка Ф-100 милиметри на улицата „Финска“ број 214.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.