
Сестрата на Тоше Проески, Дора, објави тивка, но длабока и лична порака по повод годишнината од раѓањето на нејзиниот брат
Дора сподели фотографија од роденденска торта посветена на Тоше, со елегантни златни детали, украсена со бели ангелски крилја и свеќички со бројката 45, симболичен потсетник на роденденот што Тоше ќе го славеше денеска.
Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а 17 октомври 2007 година беше прогласен за Ден на национална жалост.

Македонски




