Skip to main content

На норвешката кралица ќе и биде вграден пејсмејкер по проблеми со срцето на скијање

На норвешката кралица Соња неделава ќе ѝ биде вграден пејсмејкер откако имале проблем со срцето за време на скијање, соопшти денеска кралското семејство.

Операцијата ќе се изврши в четврток во Универзитетската болница во Осло. Се очекува 87-годишната кралица да остане таму еден или два дена на закрепнување, се вели во соопштението.

Соња е сопруга на шефот на норвешката држава, 87-годишниот крал Харалд. Таа беше примена во болница во Лилехамер во текот на викендот поради атријална фибрилација. По краток престој, таа ја напуштила болницата со нормален срцев ритам, пренесува ДПА.

Атријалната фибрилација се јавува кога срцето чука премногу брзо и неправилно. Ако не се лекува, може да доведе до мозочни удари.

Поврзани вести