
Ниту концесионерите не успеваат да го заштитат Охридското езеро од рибокрадци. И понатаму се изловува рибниот фонд реагираат граѓаните низ социјалните мрежи а неодамна полицијата фати рибокрадци кои со мрежи ловеле пастрмка од езерото која впрочем е забранета за излов.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.Биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов.”
Од Хидробиолошкиот институт велат рибарските мрежи се најопасни за живиот свет.Тие на дното на езерото остануваат со години и сериозно го загрозуваат опстанокот на рибите и останатите живи организми.
Досега се реализирани низа акции за вадење на мрежите но е потребна и поголема прекугранична соработка.
Езерото сега има седум концесионери.Концесијата го опфаќа риболовното подрачје на езерото во 7 зони и тоа Радожда, Калишта, Струга, Охрид, Воска, Пештани и Трпејца, а стопанисувањето со рибниот фонд ќе биде за период од 12 години.