Ми припадна честа да учествувам на „Ability Awards 2024“, манифестација организирана по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост и да доделам награда од областа на спортот на Бранимир Јовановски, првиот македонски освојувач на златен параолимписки медал во стрелаштво, кој истовремено е и пионер во застапувањето на правата на лицата со попреченост, информираше Министерот за локална самоуправа Златко Перински преку објава на „Фејсбук“.
Бранимир за мене е спортски херој и вистински лидер, инспирација за илјадници лица не само во Македонија, туку и пошироко. Ова признание е само уште една потврда за неговата посветеност и безрезервна борба за еднаквост и инклузија на лицата со попречености.
При врачувањето на наградата му честитав за сите досегашни постигнати спортски успеси, за неговата одлучност и истрајност во се што го работи. Му изразив целосна поддршка и можност за соработка заеднички да продолжиме да градиме еднакво и инклузивно општество за сите.
Инклузивноста не е само право, туку и наша обврска за одговорност и за подобрување на условите за прифаќање на различностите, подвлече Перински.