
Од недела, 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, има доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки.
Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка“, соопшти техничкиот директор Станислав Бојчески
Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

Македонски




