
Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштено во употреба ново мултифункционално спортско игралиште, наменето за спорт и рекреација на младите.
Игралиштето симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески.
Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија.
Новиот спортски терен го носи името „Адријан и Иван“, во чест и сеќавање на момчињата кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од општината посочуваат дека игралиштето ќе биде место каде младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе создаваат убави спомени, но и трајно потсетување на нивните сограѓани кои прерано го загубија животот.

Македонски

