
Џорџо Армани, еден од најголемите модни визионери на 20. и 21. век, почина денеска во 91-та година од животот, пренесува весникот „Кориере дела Сера“.
Славниот италијански дизајнер е роден 1934 годиа во Пјаченца. Зад себе остави наследство кое ја обликуваше модата и самата идеја за стил. До последен момент остана верен на работата.
Господинот Армани, како што секогаш го нарекуваа со почит и восхит неговите вработени и соработници, почина мирно, опкружен со своите најблиски. Неуморен, работеше до своите последни денови“, објави групацијата „Армани“.
Причината за смртта не е објавена, Како што пишуваат медиумите, тој неодамна бил хоспитализиран поради поради инфекција на белите дробови.