
Институтот за бои Pantone за боја на 2026 година ја одбра возвишена и неутрална бела боја, чие присуство делува како шепот на мир и спокој во гласниот свет.
Cloud Dancer бојата (11-4201), или танцувач по облаци, симболизира смирувачко влијание во општеството, буди вистинска релаксација и фокус, дозволувајќи му на умот да талка и давајќи му креативност да дише.
Од институтот велат дека бојата може да се користи сама по себе, со своите нијанси, но и лесно може да се комбинира со други бои, посебно пастелни и нежни, со кои ќе се создаде хармонија, контраст и простор што дише.

Македонски







